ОБЈАВЕН JABEH ПОВИК ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ ВО ЛОКАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО НА ОПШТИНА БИТОЛА
Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола е советодавно работно тело на Советот на Општина Битола, кој е основан со цел да работи на зголемување на бројот на младинско учество во локалната заедница преку волонтерство и да работи на препознавање и признавање на волонтерскиот труд на локално ниво. Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола има 9 членови.
Право да предлагаат кандидати за членови во Советот за волонтерство имаат: локални јавни институции и граѓански организации.
Рокот за доставување на предлозите за кандидати е 7 работни дена од денот на објавувањето на овој јавен повик, сметајќи го денот на самото објавување.
Документацијата од точка 4 се поднесува на следната адреса: Совет на Општина Битола – Комисија за мандатни прашања, избори и именување „Бул. 1 Мај бр. 61″ – Битола, со назнака „ЗА JABEH ПОВИК ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ ВО ЛОКАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО НА ОПШТИНА БИТОЛА“.