Синот на Борис Трајковски на гробот на татка си
На 26.02.2004 година во авионска несреќа животот го загуби вториот претседател на Македонија, Борис Трајковски, заедно со членовите на неговиот кабинет, обезбедувањето и екипажот.
По тој повод, во алејата на великаните, на градските гробишта-Бутел во Скопје, венци и свежи цвеќиња на гробот на Трајковски положија претставници оддржавниот врв.
На настанот присуствуваа и членовите на неговото потесно семејство, сопругата Вилма Трајковска со двете деца Сара и Стефан.