Шарени револуции, уриваа влада.

🔻 За да биде појасно што сѐ, кој и од каде биле ангажирани и платени таканаречените “невладини” организации кај нас, само видете го списокот на “невладините” од времето кога прво со софт пристап – петиции, а подоцна со хард методи – шарени револуции, уриваа влада.

А зошто?

Ниту донесоа правда и мир, ниту воведоа ред, ниту криминалците се во затвор. Само со помош на пари од други влади и странски хушкања, и предводени од еден алчен неписмен лудак, го помогнаа обезличувањето и ребрендирањето на Република Македонија, како подготовка за некоја следна понемакедонска фаза.

За жал, многу млади квалитетни и талентирани луѓе, во еланот на “револуцијата” се извалкаа и изгореа непотребно.

🔻 Во 2015 година 46 невладини организации потпишувајќи заедничка реакција застануваат против пописот којшто тогаш го најавува премиерот Груевски.

Ако ве интересира кои се тие 46 граѓански организации и иницијативи кои тогаш промтно здружено се огласија, а ве чуди што денес, иако се најавува попис со чудна никаде непрактикувана методологија и во ковид пандемиски околности со рекорден број починати, ги нема да дадат ‘експертско’ мислење, повелете список и обидете се да разберете зошто молчат:

– НВО Инфоцентар

– Фондација Отворено општество Македонија

– Хелсиншки комитет за човекови права

– ЦИВИЛ

– Транспарентност Македонија

– Хелтгрупер

– ЛГБТИ Центар

– Метмарофозис

– Македонски центар за европско образование

– Плоштад Слобода

– Граѓанска иницијатива Го сакам ГТЦ

– Интернет хотлајн провајдер Македонија

– Паркобрани

– Ајде, Платформа за граѓанска политика

– Факултет за работи што не се учат

– Форум за истражување безбедносни политики Секуритас

– Здружение за помош на социјално исклучени лица и ризични групи Скорпион

– Новинари за човекови права

– Здружение за култура и уметност Сцена

– Центар за културно наследство

– Центар за современи уметности

– Осми Септември

– Организација на жени, Струмица

– Иницијативен глас, Прилеп

– Младинска алијанса, Тетово

– МКЦ Битола

– Акција Плус, Ресен

– ЦОРЗ Дебар

– Рурална Коалиција

– Квантум Прима

– Банка за храна

– Прогрес Институт

– Форум ЦСИД

– АМАН

– Пактис

– Патокази

– Арсена

– Мојот Град

– Котрапункт

– Јадро

– Јустиција

– МЕД

– Изида

– Профицио

– Новус

– Амбрела

Ако сè уште постојат, организаториве на револуционерите, т.н. шути и рогати, што крикаа: НП-НМ!, кои, нали, ни донесоа слобода, живот и соживот, би било интересно да ни откријат што ‘компетентно’ сега имаат да гукнат.

Zora Jovanovska


1116

Задолжително

Verified by MonsterInsights