Покана за on-line обука за последните измени на Законот за јавни набавки и претставување на новата надградена верзија на ЕСЈН

Ве известуваме дека веќе се стапени во сила измените на Законот за јавните набавки, а од 01.04.2025 година на ЕСЈН ќе биде имплементирана надградена верзија со нови функционалности и напредни алатки со цел олеснување и поедноставување на процесот на објавување на огласи и подготовка на тендерската документација.

Што содржат измените на ЗЈН?

  • Доуредување на одредби поврзани со Изјавата за способност
  • Недоставување на документи кај Поедноставена отворена постапка = негативна референца
  • Можност за користење на условот од член 88 – раскинување на договор поради неквалитетно извршување, што е особено важно за да се поттикнат договорните органи да го користат електронскиот пазар на набавки од мала вредност
  • Управна контрола се менува во Административна проверка – што се подразбира, како се спроведува и начин на функционирање и проверка?
  • Останати одредби

Нови функционалности и алатки кај ЕСЈН

  • Автоматска тендерска документација – со внесување на податоците во системот, тендерската документација автоматски се креира и објавува, без потреба од дополнително прикачување на документи.
  • Финансиски образец на понудата во апликацијата– при креирање на огласот, договорните органи ќе можат директно во системот да го креираат финансискиот образец на понудата.
  • Подобрена прегледност при измената на огласот и тендерската документација.
  • Можност за зачувување на темплејт, за користење на пре-дефиниран темплејт и негово автоматско вчитување.
  • Значително подобрување во однос на транспарентноста на финансиските понуди, намалување или целосно исклучување на можноста за аритметичка грешка и зголемена можност за мониторинг и анализа на податоците од страна на БЈН.

Со цел презентирање на измените на законот и новините во системот ЕСЈН, Бирото за јавни набавки Ве поканува на онлајн обука.

Детали за пријавување и учество:

Објаснување за платформата Microsoft Teams: Презентацијата ќе се спроведува онлајн, преку платформата Microsoft Teams, за што секој учесник неопходно е да располага со: електронски уред (компјутер, таблет итн.), стабилна интернет-врска, звучници (или слушалки).

Термини за презентација

Обуките ќе се одржат на 10 и 17 март 2025. По завршувањето на рокот за пријавување, ќе добиете е-маил со линк за учество и точен час на обуката.

Покана за учество ќе биде испратена до сите пријавени учесници.

Со почит,

Биро за јавни набавки


1256

Задолжително

Verified by MonsterInsights