OБЈАВЕН ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДДРШКА НА СОВЕТИТЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА
Предмет на Јавниот повик е прибирање понуди за финансиска поддршка на програми и проекти на Советите на Општина Битола и тоа:
• Совет за превенција на детско престапништво,
• Совет за превенција,
• ЛЕСС,
• Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата,
• Совет за женско претприемништво,
• Совет за заштита на потрошувачи и
• Волонтерски совет.
Проектите ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Битола за 2025 година согласно Програмата за остварување на социјална заштита на Општина Битола за 2025 година.
Оценувањето на проектите ќе го врши Комисија за евалуација на апликации по јавни повици формирана од Градоначалник на Општина Битола врз основа на пропишаните критериуми.
Документацијата се доставува во архива или по пошта на адреса:
Општина Битола, Сектор за економски развој, јавни дејности и ИТ; Булевар „1-ви Мај“ бр.61; (со назнака – Пријава за јавен повик за социјална заштита) во рок од 10 работни дена од денот на објавување на овој повик заклучно со 18.03.2025.
Повеќе информации за повикот достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/poddrska-soveti/