АД МЕПСО го изготви десетгодишниот план за развој на електропреносниот систем
Десетгодишниот план за развој на електропреносниот систем на увид на јавноста- Клучни планови и идни чекори на АД МЕПСО
Зајакнување на мрежата за интеграција на ОИЕ преку изградба на нови трансформаторски станици и далекуводи; модернизација и дигитализација на мрежата, поврзување со соседните преносни оператори, интеграција во регионалниот енергетски пазар и зголемување на сигурноста на снабдувањето, се дел од клучните приоритети од Планот за развој на електропреносниот систем кој беше презентиран на денешната јавна расправа.
Претставници на енергетските компании, Регулаторната комисија за енергетика, МАНУ и приватни инвеститори дискутираа за насоките и приоритетите за развој на електропреносната мрежа кои компанијата ги планира за да се задоволат потребите на домашната економија и да се обезбеди непречена интеграција на ОИЕ.
Новиот План за развој, подготвен од Службата за стратешко планирање и развојни анализи и Службата за приклучоци , е наша гордост бидејќи ги содржи сите наши планови и визии за обезбедување сигурен, доверлив и модерен електропреносен систем , рече генералниот директор Бурим Љатифи.
Овој План за развој доаѓа во период на огромни предизвици во енергетиката, во период кога има наплив на барања за интеграција на ОИЕ. Ова е документ кој предвидува многу развојни проекти кои треба да обезбедат стабилно водење на системот, подобра испорака и квалитет на електрична енергија и приклучување на други извори на енергија, рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.
АД МЕПСО е препознаено во регионот како лидер во енергетиката, рече претставникот од Валентина Старделова од Министерството за енергетика. Освен обновливите извор на енергија, во периодот што следи АД МЕПСО ќе се справува и со предизвиците кои ги наметнува воведувањето на батерискиот систем во преносната мрежа.
Со континуирани инвестиции во зајакнување, проширување, модернизација и дигитализација на мрежата ќе бидеме подготвени за предизвиците кои доаѓаат од интеграцијата на ОИЕ и нивното управување, рече Бранка Васиќ од Службата за стратешко планирање и развојни анализи.
За реализација на проектите предвидени со Планот за развој, ќе се користат сопствени средства на АД МЕПСО и средства обезбедени со заеми од ЕБОР и грантови од WBIF (Western Balkan Investment Framework) и CIF (Climate Investment Fund).