Енергија на успехот: Моќта на жените во енергетиката и рударството-Таму каде што жените создаваат, иднината се менува

🚨Вработени во АД ЕСМ учествуваа на панел дискусијата „Енергија на успехот: Моќта на жените во енергетиката и рударството-Таму каде што жените создаваат, иднината се менува“, во организација на Министерство за енергетика рударство и минерални суровини, под покровителство на министерката Sanja Bozhinovska.

💬Кога министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска нè покани да бидеме дел од овој настан, со задоволство прифативме да учествуваме, и да дискутираме за рамноправноста во нашата професија, за нашето искуство и соочувањето со предрасудите. Како дел од енергетиката, индустрија во која сè уште доминираат мажите, со нашата работа и посветеност кон професијата придонесуваме да се надминат стереотипите и преку сопствен пример секојдневно докажуваме дека имаме важна улога во општеството. Секоја жена која сака и умеее да работи не смее да се откаже од своите идеали на сметка на својата професија и кариера, порача нашата колешка Ана Мешко, раководител за планирање и анализа на возни редови и берза на електрична енергија, во своето излагање на панел-дискусијата насловена „Жените во енергетиката и рударството-предизвици и можности“.

🗯На втората панел-дискусија именувана како „Лидерство и кариера“, имаше чест да биде панелист и проф. д-р Маја Аначкова, член на Надзорниот одбор на АД ЕСМ. Аначкова го сподели својот став за клучните фактори за напредокот на жените во кариерата, што можат компаниите и институциите да направат за да ги поддржат жените во секторот, какви политики и регулативи можат да го унапредат балансот на работните места и како да се креира заедница на жени во секторот.

⚡️Енергетиката е еден од најважните сектори за одржлив развој и време е жените да имаат многу поголема вклученост во оваа индустрија. Искуството на жените лидери во овој сектор, покажува дека нашата работа и посветеност придонесуваат на секое ниво, не само што отвораме можности за нови иновации, туку и создаваме сектор кој е поотпорен, поинклузивен и поподготвен да се справи со предизвиците на денешницата.


1220

Задолжително

Verified by MonsterInsights