Тоа што ПЕНДАРОВСКИ Е БЛИЗОК ДО СОРОС не му дава право ДА ГИ НАПАЃА ДОБРИТЕ ОДНОСИ СО САД И ТРАМП
Потпретседателот на македонското Собрание, Антонио Милошоски, порача дека проценките на експретседателот Стево Пендаровски треба да се земаат со голема резерва бидејќи немаат доследност и немаат аналитичка основа.
Во пост на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, Милошоски потенцира дека Пендаровски јавно пласира навреди за САД.
„1. Пендаровски во 2020 година зборуваше дека е ‘ван памет’ да се зборува за промена на македонскиот Устав во контекст на бугарското вето; тврдеше дека ги има сите информации од средбите со официјални лица од Бугарија и дека такво барање за Уставот не било ставено на маса.
Потоа наведна глава пред потписот на Бујар Османи и стана главен промотор за смена на Уставот на Македонија.