МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА – МАКЕДОНСКА ПРОСЛАВА НА ОСМИ МАРТ

По повод меѓународниот ден на жената 8 Март, Македонската православна црковна општина “Свети Илија“ од Мисисага организираше прекрасна прослава.

Прославата се одржа во големата сала на “Капитол Банкет“ во Мисисага, со завидно присуство на неколку стотини Македонки и Македонци.

За првпат годинашната традиционална прослава го привлече вниманието и на мажите, та освен дами присуствуваа и многумина Македонци до своите сопруги и девојки.

Со македонско мени и македонска музика – ора и песни, присутните уживаа во убавото расположение и богатата програма за вечерата.


1111

Задолжително

Verified by MonsterInsights