По трагедијата во Кочани, АД ЕСМ целосно се става на располагање за пружање на секаква потребна помош
Со длабоко жалење изразувамe најискрено сочувство до семејствата на загинатите во страшната трагедија што нè погоди сите. Зборовите се немоќни да ја опишат болката и да ја ублажат загубата на најблиските. Во овие тешки моменти, нашите мисли се со вас, со Кочани, со цела Македонија.
На повредените им посакуваме брзо и успешно закрепнување.
Како субјект од стратешко значење за државата, АД ЕСМ целосно се става на располагање за пружање на секаква потребна помош. Во координација со локалните власти и надлежните државни институции, Компанијата е подготвена да ги мобилизира сите расположливи ресурси и неопходна логистика за справување со последиците од трагедијата.