„За Филип, Александар, Дамјан, Александар и Филип, прерано го напуштивте овој свет“, напиша градоначалникот на Штип

Петмина штипјани загинаа, а четворица се борат за живот во болниците во земјава и странство по страшниот пожар во дискотеката во Кочани, информираше на градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

За моите пријатели, соработници, познаници…

За Филип, Александар, Дамјан, Александар и Филип.

Прерано го напуштивте овој свет, во кој што творевте, создававте и летавте низ убавините на животот. Нашиот град ќе ве памети по индивидуалната харизма, а трагедијата поради која прерано не‘ напуштивте ќе ни остави траен белег за вашето постоење.

Моја должност и должност на сите нас ќе биде да се бориме против системот и против се‘ она кое го предизвика ова!

Давам ветување за искрена борба против неправдата која ви беше нанесена.

Моето срце засекогаш ќе ве памети!

Ваш,

Иван Јорданов

17.03.2025 година


1275

Задолжително

Verified by MonsterInsights