Какви совети им даваат српските инструктори на Левица: Никако да нема оставка на премиерот или министри, потребна е долга криза

Во раговорот што беше денеска објавен помеѓу членови на Левица и српската инструкторка за предизвикување немири им е ооветувано никако да не бараат оставка од премиерот или министри по трагедијата во Кочани. Како што вели Сташа Цветковиќ, потребно е да има долга криза.

Гледајте нешто корисно да направите и за бабите и дедовците за и тие можат да разберат што правите, а не само за студентите. Гледајте и премиерот да не даде оставка и да не се распишат избори бидејќи тоа нема да биде од корист.Целта е да се создава граѓанска непослушност преку синдикатите и унијата на работници.Потребно ви е време и што повеќе влезете во блокади ќе имате време да се занимавате со тие работи

Веќе нема дилеми. Зад утрешниот протест во Скопје стојат српските студенти кои се дел од српската опозиција а локална поддршка се членови на Левица и СДСМ. „Република“ одблиску ви ги претставува оние кои утре планираат насилство и дестабилизација на Македонија заради партиски цели. Жртвите од трагедијата во Кочани за нив се на последно место.

Од Србија протестите ги предводи Сташа Цветковиќ.

Прв е Кирил Митановски од Левица кој во видеото самиот се фали дека партиски член.

До него е и Ѓорѓи Јачев кој вели дека веќе не е во партијата но ја поддржува.

Свои претставници во утрешниот протест има и Шарената револуција. Тоа е Сања Борисовска, попозната како „вие вие господине Заев“..Тука се и Стојан Рашков и Венко Крстевски.

На социјалните мрежи се појавија повици за протест во Скопје.Протестот е планиран за утре, а симптоматично е што тие се најавени и подджани од профили кои се формирани само пред неколку дена, односно по трагедијата во Кочани.


1261

Задолжително

Verified by MonsterInsights