Странските доктори кои спасуваа животи во Македонија се врвни светски експерти
Координацијата со колегите од македонскиот здравствен систем, како и со државните органи беше на највисоко ниво за што сме им благодарни. Така брзо можевме да започнеме со извршување на задачите, рече докторот.
Врвни светски доктори дојдоа во Македонија по големата трагедија која се случи во Кочани. Тие водеа битка за здравјето на нашите сограѓани кои се здобија со повреди минатата недела во големиот пожар. Дел од нив вршеа операции, помагаа во лекувањето и санирање на повредите, а дел помагаа при транспорт на нашите пациенти во странските земји.