Аплауз за здравствените работници кои се грижат за повредените од Кочани
Десетина илјади граѓани вечерва учествуваа на протестот преку кој се бараше одговорност за трагичниот пожар во Кочани, во кој загинаа 59 млади луѓе, а околу 200 беа повредени.
Во моментите кога поворката на протестниот марш поминуваше пред некогашната Градска болница (сегашната Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“), тие спонтано им аплаудираа на здравствените работници кои се грижат за повредените во катастрофалниот пожар. Дел од вработените во клиниката излегоа на прозорците за да им отпоздрават на учесниците на протестот.