Доделени новинарските награди „Никола Младенов“ за 2024 година

Наградите беа доделени во три категории: најдобра истражувачка сторија (прва, втора и трета награда), најиновативен новинарски производ и најдобра репортерска фотографија.

Серијалот истражувачки стории за тендери во енергетски сектор објавени на емисијата КОД ја добија првата новинарска награда. Како второрангирана најдобра истражувачка сторија на конкурсот се избрани серија текстови за Државна Лотарија објавени на Радио Слободна Европа од новинарот Петар Клинчарски. Третата награда ја доби Истражувачката репортерска лабораторија за истражувањето „Украдени животи“.

Наградата најиновативен новинарски производ годинава ја подели тимот на ИРЛ за новинарскиот проект мобилна редакција Кичево и тимот на КОД за видео сторијата посветена на грабнувањето и убиството на малата Вања.

Наградата најдобра репортерска фотографија замина во рацете на фотографот Ѓорѓи Личовски, за фотографијата „Ловец на Метеори“.

Беа доделени и повеќе пофалници за истакнат ангажман. Новинарката на „Слободен печат“, Мирослава Симоновска доби благодарница за истакнат новинарски ангажман во категорија „Најдобра истражувачка сторија“ за текстот „Тројца лекари од Македонија жртви на дезинформации со кои фирмата „Монад Плуг“ се богатела, на сметка на здравјето на луѓето“.


1215

Задолжително

Verified by MonsterInsights