ЧЕТВОРИЦА ПАЦИЕНТИ ОД ШПАНИЈА И ЕДЕН ОД ГРЦИЈА СЕ ВРАЌААТ ДОМА

ЧЕТВОРИЦА ПАЦИЕНТИ ОД ШПАНИЈА И ЕДЕН ОД ГРЦИЈА СЕ ВРАЌААТ ДОМА Во домашните болници се лекуваат 23 пациенти

Вчера се вратиле двајца пациенти – еден од Србија и една пациентка од Бугарија. Денеска се очекува да се вратат уште четворица од Шпанија и 1 пациент од Грција.

Петмина пациенти од странство денеска се враќаат во земјава, а четворица и натаму се во критична состојба, но засега се стабилни, информира министерот за здравство, Арбен Таравари.

– Да внимаваме што кажуваме бидејќи флуктуираат состојбите – предупреди министерот, во контекст на здравствената состојба на критичните пациенти.

Бројот на повредени лица од пожарот во Кочани кои се лекуваат надвор од земјата, денеска изнесува 113. Вчера се вратиле двајца пациенти – еден од Србија и една пациентка од Бугарија. Денеска се очекува да се вратат уште четворица од Шпанија и еден пациент од Грција.

Тие ќе бидат сместени во домашните клиники во првите 24 часа, како што е предвидено, под медицински надзор, а потоа ќе бидат пуштени на домашно лекување доколку не се утврди потреба од дополнителна хоспитализација.

По нивното враќање, бројката на пациенти што продолжуваат да се лекуваат во странство ќе се намали на 108. Сите пациенти што се враќаат се со изгореници.


1170

Задолжително

Verified by MonsterInsights