1-ви април – Денот на шегата, во Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Јужна Африка, шегите се практикуваат само до пладне, а оној кој ќе се обиде да направи шега попладне го нарекуваат „априли-ли-ли“
Денес се одбележува 1-ви април – Денот на шегата. Иако ова не е државен празник, тој сепак е раширена прослава низ целиот свет, како ден кога многумина се забавуваат преку шегување и бељи.
Карактеристично за овој ден во нашата земја е дефилето на најмладите, преобразени во суперхерои, принцези, бубамари, пчелки, готвачи, лекарки, како и разновидни ликови од анимираните филмови.
Прославата на Денот на шегата варира во различни делови од светот.
Во Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Јужна Африка, шегите се практикуваат само до пладне, а оној кој ќе се обиде да направи шега попладне го нарекуваат „априли-ли-ли“ и станува предмет на исмејување. За разлика од нив, во Франција, Италија, Јужна Кореја, Јапонија, Русија, Холандија, Германија и други земји, луѓето се шегуваат во текот на целиот ден.