Основното училиште со ресурсен центар ” Кочо Рацин ” – Битола објавува јавен оглас за вработување на определено работно време, на 23 извршители на работно место образовен асистент- приправник во следниве општини: Македонски Брод, Пласница, Кичево, Дебар, Центар Жупа, Дебрца, Струга, Вевчани, Охрид, Долнени, Кривогаштани, Крушево, Демир Хисар, Ресен, Битола, Могила, Новаци, Прилеп.
Огласот трае 5 работни денови, од денот на објавувањето(03.04.2025). Документите се доставуваат до комисијата во ОУРЦ ” Кочо Рацин ” Битола или по пошта на ул. Захарија Шумљанска бр.10, поштенски број 7000.
Прием на документи од 08:30-13:30 часот.
Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи(Службен весник на РМ. бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, и 120/18), член 19 став (7) и член 88 од Законот за основното образование (,, Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/19 и 229/20) и Правлиникот за начинот на побарување селекција и избор на образовен/личен асистент , а согласно согласностa за вработување на определено работно време од Министерството за образование и наука бр.12-232/4 од25.03.2025година,Основното училиште со ресурсен центар ОУРЦ ,,Кочо Рацин“ Битола објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС
За вработување на определено работно време, на 23 извршители на работно место образовен асистентприправник за ученици со попреченост ,во основното образование , во следните општини: :Македонски Брод, Пласница, Кичево, Дебар, Центар Жупа, Дебрца, Струга, Вевчани, Охрид, Долнени, Крушево, Кривогаштани, Демир Хисар, Ресен, Битола, Могила, Новаци, Прилеп,
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
Општи услови
- Да е државјанин на Република Северна Македонија,
- Активно да го користи мајчиниот јазик,
- Да е полнолетен,
- Да има општа здравствена состојба за работното место,
- Да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност,
- Да не му е изречена привремена мерка за заштита или не му е одземено вршењето на родителско право,
- Со правослина пресуда да не е осуден за кривично дело со казна затвор над шест месеци,
- Да не е член на потесното семејство на лицето на кое би му пружило образовна асистенција.
Посебни услови:
Образовен асистент приправник може да биде лице кое се стекнало со звање:
Специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, со завршено образование VII/1 степен, т.е VI А според македонската рамка на квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1 степен т.е VI A според МРК или 240 ЕКТС) односно наставник во предметна настава (VII/1 степен т.е VI A според МРК или 240 ЕКТС).
- Општи работни компетенции на образовни асистенти:
- Непосредна подршка на учениците со попреченост,
- Соработка со наставниците
- Соработка со родителите/старателите
- Соработка со стручните работници и инклузивниот тим на ученикот.
- Образовниот/асистент е должен да ги извршува работните задачи согласно изготвената програма за работа и Договорот за работа, примерно да се однесува и го почитува редот и дисциплината во училиштето.
- Распоред на работното време:
- Работни денови: понеделник – петок
- Работно време: 8 (осум) часови дневно
- Работни часови неделно: 40, од кои 20 до 30 часа во директна подршка на ученикот и наставникот и 10 до 15 часа за подготовка и организација на сопстбената работа.
Основен надоместок на образовниот асистент: Нето плата 32.780 денари.
. Потребни документи за пријавување:
- Барање/Молба
- CV/Кратка биографија
- Мотивационо писмо за интересот за работното место образовен асистент,
- Диплома за завршено соодветно образование
- Уверение за државјанство
- Извод од матична книга на родени,
- Потврда од суд за неосудуваност,
- Потврда од суд дека не му е одземено родителско право
- Уверение дека со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност,
- Потврда за поседување на општа здравствена состојба за наведената работа
- Документите да не бидат постари од 6 месеци освен уверението за државјанство и изводот од матичната книга на родените
Доколку има претходно искуство со образовна асистенција на ученик во основното образование се наведува името и презимето на ученикот и училиштето каде учи ученикот.
Огласот трае 5(пет) работни дена, од денот на последното објавувањето во дневен печат од кои едниот треба да биде на Албански јазик, документите се доставуват до комисијата за селекција на основното училиште со ресурсен центар ,, ОУРЦ Кочо Рацин“ Битола на адресата Захарија Шумљанска бр.10, пошенски број 7000 општина Битола, со назнака,, јавен оглас за образовен асистент“од 8.30 до 13.30 часот или по пошта во затворен плик.Денот на предавање во поштата со препорачана пратка се смета како ден на прием во училиштето доколку е предадена во тие пет дена.
Документите се доставуват во оригинал или копии заверени на нотар.
Изборот на кандидатите ќе го врши директорот по предлог на Училишниот одбор. По завршената административна проверка се врши интервју со кандидатите кои имаат потполни документи од страна на комисијата.Со секој кандидат посебно се врши интервју. Избраните кандидати ќе добијат соодветна обука пред стапување на работа од соодветни обучени обучувачи. Со избраните кандидати ќе бидаат склучени договори за вреаботување.
НАПОМЕНА.Некомплетна и не навремено доставена документација нема да се разгледува.
ОУРЦ ,, Кочо Рацин “ Битола
Вд.директор
Драгана Кирковска