Симулациска вежба за брза евакуација и однесување во кризни ситуации, превентивна активност на СВР Битола

Симулациска вежба за брза евакуација и однесување во кризни ситуации, превентивна активност на СВР Битола

На 03.04.2025 год. полициски службеници од СВР Битола во соработка со Општинската организација на Црвениот Крст од Битола, Територијалната противпожарна единица Битола како и екипа на Итна медицинска помош Битола во основното училиште „Стив Наумов“ во Битола, за учениците од ова училиште спроведоа симулациска вежба на тема: „Начин на однесување во кризни ситуации“. Вежбата беше спроведена со цел учениците да се запознаат со начините и протоколите на однесување во кризни ситуации, потоа за начините на евакуација од пожар, совладување на паниката и безбедно и организирано евакуирање од училиштето во претпоставена ситуација.


1208

Задолжително

Verified by MonsterInsights