ОД ДЕНЕС ЗАПОЧНУВААТ РАБОТНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА КОМПЛЕТНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „11 МАРТ“
Општина Битола, согласно склучениот договор со изведувачот, од денес започнува со работни активности на улицата „11 Март“, каде ќе се врши комплетна реконструкција на водоводната, канализационата мрежа и коловозот.
Во периодот додека траат градежните работи, сообраќајот на оваа улица ќе се одвива согласно одобрениот времен режим на сообраќај.