Ќе има ли празнично покачување на цените во пресрет на Велигден
Дел од граѓаните очекуваат цените да се вивнат нагоре, како што било речиси секогаш за големите врски празници.
Месото во моментов се движи од 200 па се до 600 денари. Најскапо е јагнешкото месо, а нешто поевтино е свинското и пилешкото месо. Табла јајца пак во дел од продавниците се продава од 220 до 320 денари
Поради високите цени на месото и на јајцата, дел од граѓаните велат дека годинава велигденската трпеза ќе им биде поскромна
Цените пак на овошјето и зеленчукот варираат. Јаболката се продаваат за 60-тина денари, додека пак краставиците и доматите се продаваат за околу 120 денари за килограм, чии цени, според граѓаните претпразнично дополнително ќе се зголемат.
Во меѓувреме, на сила се владините мерки за ограничување на маржите за 100 групи на производи, прехранбени и непрехранбени, со кои се очекуваше граѓаните во пресрет на празниците Рамазан Бајрам и Велигден, да купуваат поевтини производи.