ВМРО-ДПМНЕ ОК БИТОЛА: УПРАВНИТЕ И НАДЗОРНИТЕ ОДБОРИ НЕ СЕ РАЗРЕШЕНИ, СДСМ ПОВТОРНО ЛАЖЕ

Лажната еуфорија која ги има зафатено СДСМ ќе им се удри од глава. Во нивен добро познат стил со класично кршење на процедурите и законите СДСМ со нивната поддружница ПОИНАКУ и помалиот брат ЛЕВИЦА си предложија и си изгласаа незаконско разрешување на управните и надзорните одбори.

Повторно ја погрешија процедурата, советниците кои се од нивните редови не ја запазија законската процедура и донесената одлука е незаконска.

Управните и надзорните одбори во јавните претпријатија продолжуваат нормално да функционираат.

Бесплатен совет до СДСМ да ги консултираат нивните скапо платени адвокати од нивното владеење кога ги плаќаа од јавните претпријатија.


1322

Задолжително

Verified by MonsterInsights