Министерката за енергетика Сања Божиновска и директорот за финансии на АД ЕСМ Иван Аџија Стојановски остварија работна средба со претставници на КфВ банката

🚨Во рамките на ESG Adria Summit 2025 #esgadriasummit што се одржува во Тиват, Република Црна Гора, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Sanja Bozhinovska и директорот за финансии на АД ЕСМИван Аџија Стојановски остварија работна средба со претставници на КфВ банката, Клаус Милер, директор за Југоисточна Европа и Турција и Милица Кнежевиќ.

🟠Во фокус на средбата беше реализацијата на неколку проекти: финансиската и техничка поддршка за имплементација на втората фаза на ветерниот парк „Богданци“, фотонапонската електрана Битола 2 и ревитализацијата на големите хидроелектрани – трета фаза.

🟠– Се разговараше и за реализација на нови проекти и за добивање техничка помош, а со коишто проекти ќе се унапредат интерните човечки способности во АД ЕСМ, што ќе значи креирање капацитети за среднорочно и долгорочно стратегиско планирање со акцент на инвестициските проекти и финансиско моделирање на идното производство и побарување на електрична енергија – изјави директорот за финансии Стојановски.

🤝Продолжува поддршката од КфВ банката за АД ЕСМ за нови енергетски проекти со коишто дополнително ќе се зголеми домашното производство на електрична енергија, како фотонапонската електрана Битола 3 и други проекти од обновливи извори на енергија.

Реализацијата на овие проекти дополнително ќе го збогати портфолиото за обновливи извори на РС Македонија и на АД ЕСМ, и ќе придонесе за дополнителна стабилност на енергетскиот систем.


1255

Задолжително

Verified by MonsterInsights