Целосна обнова на улицата „Бурса“ – дводневен сообраќаен застој во индустрискиот дел на Битола

Во понеделник и вторник, улицата „Бурса“ во индустрискиот дел на Битола ќе биде целосно затворена за сообраќај поради асфалтирање, информираат од Општина Битола.

Градежните активности ќе се одвиваат на потегот од спојот со улицата „Македонска фаланга“, која води кон граничниот премин Меџитлија, до новопроектираната улица „Индустриски пат“.

Од локалната самоуправа посочуваат дека асфалтирањето ќе се изведува интензивно во текот на целиот ден, а заради безбедност и ефикасност, сообраќајот ќе биде стопиран на делницата меѓу „Индустриски пат“ и објектите на „Пивара Битола“, Фабриката за квасец и алкохол и Фабриката за шеќер.

Општината апелира граѓаните и транспортните компании да ги прилагодат своите маршрути за време на изведбата на работите.аќај ќе се применува и за пристапот од село Поешево и улица „Прогрес“ кон улица „Бурса“.


1240

Задолжително

Verified by MonsterInsights