МАЕИ со повик до дијаспората: Поддршка за Стерјовски – глас за Македонците во Албанија

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) упати повик до Македонците од Албанија кои живеат во дијаспората да го поддржат Васил Стерјовски на претстојните избори на 11 мај, истакнувајќи ја неговата клучна улога како глас на македонската заедница во албанското Собрание.

Во соопштението, МАЕИ потсетува дека Државната изборна комисија веќе започна со испраќање на гласачките ливчиња по пошта и ги охрабрува гласачите во странство да го заокружат бројот 5 – редниот број на Стерјовски.

„Секој глас за Стерјовски е глас за зачувување на македонскиот идентитет, култура и права“, порачуваат од партијата, апелирајќи: „Поддржете го Васил Стерјовски – гласот на Македонците, гласот на вистината и надежта.“


1188

Задолжително

Verified by MonsterInsights