Горан Трајкоски и Камерниот оркестар во „ПРЕМИН 25“ – како симбол на минување и создавање
На 21 април во 20 часот, Центарот за култура – Битола ќе биде домаќин на настан што ги надминува рамките на класичен концерт. Музичкиот проект „ПРЕМИН 25“ е сценски чин што зборува со тишина, со музика, со гласови и движење – уникатно уметничко искуство што се чувствува со сите сетила.
Авторот Горан Трајкоски, заедно со Камерниот оркестар на Битола под водство на маестро Владимир Димовски, како и гласовите на Тања Царовска, Ана Митоска и Петар Христов, создаваат аудиовизуелна целина во режија на Дејан Пројковски, еден од највпечатливите современи театарски уметници.
Организатор е КИЦ – Битола, со поддршка од НУ Центар за култура, Народен театар – Битола и Општина Битола. Влезот е слободен, но бројот на места е ограничен.
ПРЕМИН 25“ – таму каде што музиката станува гест, а сцената – доживување.