Возилата на „Гугл“ се враќаат на македонските улици, се ажурираат мапите

Автомобилите на „Гугл стрит вју“ (Google Street View) оваа пролет се враќаат во Македонија. Во наредниот период ќе се движат по јавните патишта низ државата, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на, Скопје, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово, Штип, Велес, Охрид и Струмица. Целта на ова возење е да се ажурираат фотографиите на „Гугл стрит вју“ од градовите, патиштата и автопатиштата во Северна Македонија на „Гул мапс“.

Благодарение на „Гугл стрит вју“, корисниците веќе можат да истражуваат некои од најзначајните знаменитости во Северна Македонија

„Бидејќи инфраструктурата во градовите и меѓу нив се развива со текот на времето, неопходно е редовно ажурирање. Новите фотографии ќе им помогнат на корисниците да се движат поефикасно и да ги планираат своите патувања со поголема леснотија. „Гугл стрит вју“ нуди поглед од 360 степени на улиците, како и културни и природни знаменитости“, се наведува во соопштението.


1104

Задолжително

Verified by MonsterInsights