РЕК Битола ја санира состојбата: „Нема ниту грам пепел – теренот е расчистен и обезбеден!“

РЕК Битола, подружница на АД ЕСМ, решително и одговорно реагираше на наодите од последниот инспекциски надзор на одлагалиштето за пепел. Денес, пепелта е целосно отстранета, а теренот – посипан и обезбеден со земја.

Иако краткотрајна појава на прашина се јави заради атмосферски влијанија, РЕК Битола применува континуирано навлажнување, а од 25 април транспортната лента за пепел ќе се пренасочи директно во касета – решение што ќе го елиминира ризикот на долг рок.

Мерењата на воздухот, спроведени од акредитираната лабораторија „Технолаб“, покажуваат дека не се надминати граничните вредности на PM10 честичките – потврда за безбедна и еколошки контролирана состојба.

АД ЕСМ и раководството на РЕК Битола остануваат посветени на транспарентност, еколошка одговорност и долгорочни решенија во интерес на здравјето на граѓаните и безбедноста на животната средина.


1335

Задолжително

Verified by MonsterInsights