БИКОВСКИ СИГНАЛ НА ВОЛСТРИТ – ШТО ИМ НОСИ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ?
На Њујоршката берза е регистриран исклучиво редок “биковски сигнал”, кој се појавил само 18 пати во историјата. Овој показател, кој означува истовремен раст на голем број акции, најавува промена на трендот на пазарот.
Сигналот укажува на превласт на оптимизам по периодот на песимизам предизвикан од Трамповите царински закани.
По скорешниот пад од 15-20%, експерти предвидуваат можен раст кон историскиот максимуми во наредните 12 месеци. Позитивната динамика ја поттикнале и Трамповите најави за намалување на царините за кинеска стока од 145% и поддршката за шефот на Фед Џером Пауел.
Ова ретко пазарно движење отвора нови можности за инвеститорите, но и поставува прашање колку долго ќе трае овој позитивен тренд.