Битола дигитализира – за 45 минути пристигнаа 612 апликации за субвенции за инвертер клими

Утринава во 08:00 часот започна процесот на електронско аплицирање за субвенции за инвертер клима уреди во Општина Битола. Само 45 минути по отворањето на повикот, пристигнаа 612 апликации од 570 граѓани, што укажува на огромен интерес.

Првата пријава беше поднесена во 8 часот и 2 секунди, а системот регистрирал и 42 повторни обиди, со што во одредени моменти се аплицирало со брзина од 5 до 8 пријави во секунда.

Системот за електронско аплицирање, изработен од „Јавен адвертајзинг“ Битола, овозможува секој апликант да добие известување по електронска пошта со точен датум и време на пријавата, број на предмет и потврда во случај на поништување и повторно аплицирање.

Ова е втор електронски повик што го спроведува Општина Битола, со цел да се избегнат физички гужви и редици пред општинската зграда. Проектот е дел од иницијативите за дигитализација на услугите предводени од градоначалникот Тони Коњановски.

Јавниот повик трае до 06 мај 2025 до 15:30 часот, а субвенцијата покрива до 50% од вредноста на уредот, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство.

Дигитализацијата продолжува да го менува начинот на кој граѓаните пристапуваат до општинските услуги – побрзо, поефикасно и без чекање.


1223

Задолжително

Verified by MonsterInsights