„АДИДАС МОМЕНТАЛНО НИТУ ЕДЕН ОД СВОИТЕ ПРОИЗВОДИ НЕ МОЖЕ ДА ГИ ПРОИЗВЕДУВА ВО САД“

Германскиот производител на спортска облека „Адидас“ соопшти во вторникот дека царините воведени од американскиот претседател Доналд Трамп ќе резултираат со повисоки цени за сите негови производи на американскиот пазар. Компанијата соопшти дека сè уште не знае точно колку ќе ги зголеми цените и дека неизвесната глобална трговска ситуација ја спречува да ја зголеми својата прогноза за целата година, и покрај силниот раст на профитот во првиот квартал.

Повисоки царински давачки, повисоки трошоци

„Повисоките царини на крајот ќе резултираат со повисоки трошоци за сите наши производи на американскиот пазар“, се вели во соопштението на „Адидас“.

Компанијата изјави дека е „донекаде изложена“ на царините што Белата куќа ги воведе врз Кина, кои моментално изнесуваат 145 проценти, но дека веќе го намалила извозот на производи произведени во Кина на минимум. Тие посочија дека најголемото влијание доаѓа од општото зголемување на американските царини за сите други земји, кои се претежно на ниво од 10 проценти.


1100

Задолжително

Verified by MonsterInsights