За мерак пари не се жалат, кој има, во мај плаќа и по 500 денари за една лубеница!
Ова овошје во моментот главно се увезува од Грција, а итрите трговци нудат можност за да си купите и по една резанка. Продавачите велат дека додека да стасаат домашните, граѓаните и сега купуваат по цели лубеници
Темно зелени, округли како топки, првите лубеници се појавија по пиљарниците, а цената како за мај се движи од 100 до 150 денари за килограм. Ова овошје во мкоментот главно се увезува од Грција, а итрите трговци нудат можност за да си купите и по една резанка. Продавачите велат дека додека да стасаат домашните, граѓаните не жалат пари за мерак, па дури купуваат и цели лубеници.
Сега правиме пари, оти да се разбереме со овие цени ова овошје е луксуз во моментот. Затоа и го сечеме и не набавуваме многу. Нашите лубеници ќе почнат кон крајот на мај и почетокот на јуни, но зависи дали ќе има сонце за да бидат слатки. Потоа лубеници има цело лето, а богатиот род ја намалува цената – вели еден скопски трговец. Како и секое лето, земјоделците се жалат дека ги продаваат под цена, а некаде го оставаат на нивите да презрее, зашто нема кој да го купи. Некогаш македонските лубеници можеа да се најдат и на пазарите во Полска, Чешка, Бугарија, Германија…
Според податоците на ДЗС во 2023 година, овој вид овошје во земјава бил засадени на 9 хектари, а биле произведени вкупно 438 тони. За десет години поточно од 2013 до 2023 година површините под лубеници се намалиле за 3 хектари. Истата статистика покажува дека едно семејство пред две години изело дури 27,3 килограми од ова овошје. Во 2023 година, Северна Македонија увезла дињи и лубеници за 811 илјади долари, станувајќи 89-ти најголем увозник на овие овошја. Овие овошје најмногу доаѓаат од Албанија (442 илјади долари), Грција (261 илјади долари) и Турција (51,3 илјади долари), според ОЕЦ. Инаку, глобалната трговија со лубеница е значаен аспект на земјоделските извозни и увозни пазари. Лубениците се популарно овошје поради нивната висока содржина на вода, освежителен вкус и нутритивните придобивки. Мексико бил најголем извозник во 2022 година, со приближно 1,5 милиони метрички тони лубеници, генерирајќи приходи од околу 400 милиони долари. Втора била Шпанија, со извоз кој достигнал околу 900.000 метрички тони во вредност од приближно 300 милиони долари во 2022 година. Трети четврти најголеми извозници се САД и Турција, а ги следат Бразил, Италија, Јужна Африка и Грција.
Ако слушнете шуплив звук – лубеницата е слатка
За оптимален избор, продавачите препорачуваат неколку трикови. На пример, треба да ги земеме предвид шарите на лубеница. Многу светла или бела боја не е добар знак бидејќи значи дека лубеницата е набрана прерано, додека жолтеникава боја е оптимална.
-Врз основа на примероците, можете да направите проценка за каков вид лубеница станува збор. Според широките линии, ова е женска карактеристика, но има и такви со тесни линии, тоа е машка карактеристика, но најдобра е женската, со широк шарен дезен. Да, тие се послатки – вели еден производител од Србија. Најпознатиот метод за препознавање на слатките лубеници е чукањето. Ако удриме неколку лубеници со отворена дланка и се слушне шуплив звук, тогаш лубеницата дефинитивно е зрела, но ако испушта целосен звук, тогаш сè уште не е зрела. Освен високата содржина на витамин Ц, калиум, магнезиум, богато е и со витамини А и Б.