Google гради уште три нуклеарни реактори. Не за спас на планетата, туку за да го нахрани својот најнов гладен корисник – вештачката интелигенција.

Секој пат кога ChatGPT генерира слика, преведува текст или препознава глас, зад сцената работат илјадници сервери што трошат електрична енергија како мала населба. Според некои проценки, дата-центрите што ја напојуваат ВИ веќе консумираат струја колку цела Франција.

И додека обновливите извори не можат да ја следат оваа трка, технолошките гиганти сè почесто се свртуваат кон нуклеарната енергија – нејзината предност е стабилноста. Microsoft веќе вложи во свој реактор, Google сега потпиша договор за три нови.

Ова е новата реалност: дигиталната интелигенција бара многу реална инфраструктура. И сè повеќе изгледа дека нуклеарната енергија ќе биде нејзиниот тивок сојузник.


1200

Задолжително

Verified by MonsterInsights