Ќе “преживеат“ ли годинава текстилната и автомобилската индустрија во државата?
Се ситни бројката на текстилните работници, а намалените нарачки поради кризата во Германија причина плус за клуч на врата да стават најмалку десеттина текстилни компании.
Анѓел Димитров од Организацијата на работодавачи вели дека претходната и оваа година има рекорден пад на работници во текстилниот сектор.
Димитров потенцира дека дури 60% од извозот на домашната текстилна индустрија оди за Германија, затоа и Македонија најсилно ги чувствува последиците со намалување на извозот за 20%.
Но, Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ смета дека ситуацијата во текстилниот сектор и не е толку загрижувачка како што во моментов е во автомобилската индустрија.
Дали убедливо поголемите извозници од Македонија во автомобилската индустрија ќе го намалат бројот на работни позиции поради глобалните случувања и дали ќе следи затворање на погони на повеќе вакви гиганти во земјава, сепак останува да видиме, но она што сега е актуелно е дека е забележан годишен пад од 4,3 % на работниците во индустријата, а најкритично е во кожарската и во текстилната индустрија.