ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ОБВИНУВА – СОВЕТНИЦИТЕ НА СДСМ, ПОИНАКУ И ЛЕВИЦА НЕ ГЛАСАA ЗА 7 ПРОЕКТИ ОДОБРЕНИ ОД ЕВРОПСКА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА

Градоначалникот Тони Коњановски со обвинување – ПОВТОРНО ОПСТРУКЦИЈА НА СРЕДСТВА ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА – СОВЕТНИЦИТЕ НА СДСМ, ПОИНАКУ И ЛЕВИЦА НЕ ГЛАСАA ЗА 7 ПРОЕКТИ ОДОБРЕНИ ОД ЕВРОПСКА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА

Почитувани советници, почитувани граѓани, 

Повторно имаме нова игра на надмудрување во Советот на општина Битола, повторно влегуваме во вртлогот на приказната на одбивање на средства од ЕУ, веќе видена приказна со која никој од нас не е победник, а граѓаните на Битола можат да бидат само губитници. 

Постојано во овие изминати три и пол години, заедно со општинската администрација, работиме транспарентно и отчетно и тоа го доставуваме до советниците и до граѓаните. И покрај тоа, опструкциите за искористување на средства продолжуваат, а таа штета е далекусежна. Овој пат, зборуваме за водоводни и канализациони системи, кои се неопходни за нормално функционирање на жителите на општината. 

На последната седница предложивме точка со која 7 проекти,  финансирани од Европската инвестициона банка, требаше да започнат да се реализират и да донесат благодет и подобри услови за жителите на Битола. 

Тоа се следните проекти:

1.Реконструкција на водоводна мрежа и канализација на ул. Гаврило Принцип 

2.Реконструкција на водоводна мрежа и канализација на ул. Паца Ванчова

3.Реконструкција на водоводна мрежа и канализација на ул.Влатко Миленковски

4.Реконструкција на водовод и канализација на ул. 7-ма Бригада

5. Реконструкција на водоводна мрежа и коловоз на дел од Булевар 1-ви Мај

6. Изградба на водноснабдителен систем за с. Лисолај, ІІ фаза

7.Изградба на фекална канализација во с. Трново, ІІ фаза

Овие проекти, не ја добија поддршката во Советот на општина Битола од советниците на политичките партии СДСМ, Поинаку и Левица.

Ова сценарио е веќе еднаш видено во општинскиот Совет, за одбивање на средства од ЕУ. 

Повторно, јавно упатувам прашање до советниците:Дали со овој чекор, претседателката на Советот и советниците од наведените политички парии, испраќаат јасен сигнал, дека надворешните средства не се добредојдени во Битола и дека нивните средства не се значајни за развој на Битола, а со тоа и за создавање подобри услови за живот на битолчани?

Многу пати во мојот мандат сум упатил апел да надвладее разумот, во насока на подобрата иднина на граѓаните на Битола. Уште еднаш, апелирам, во духот на мојата транспарентност, сите заедно да работиме за напредок на градот и подобро заедничко утре на Битолчани.


1291

Задолжително

Verified by MonsterInsights