Прекин на водоснабдувањето во повеќе населени места поради дефект на главната водоводна линија

Поради дефект на челична водоводна цевка со профил Ф400, голем дел од битолските приградски и рурални населени места останаа без вода во текот на денешниот ден (15 мај 2025). Прекинот започна утрово во 9 часот и ќе трае до завршување на санационите работи на терен.

Според известувањето од надлежните служби, без водоснабдување се улицата Кире Костадиновски и населените места Горно Оризари, Крклино, Кукуречани, Драгожани, Могила, Будаково, Трап, Алинци, Добрушево и Далбеговци.

Станува збор за водоводна линија со поголем капацитет која напојува неколку села и претставува критична инфраструктура за регионот. Екипите веќе работат на локацијата со цел што побрзо да се отстрани дефектот, но засега нема прецизна најава кога водоснабдувањето ќе биде нормализирано.

Од надлежните апелираат граѓаните да покажат разбирање и трпение, и најавуваат дека јавноста ќе биде навремено известена за напредокот на санацијата.


1158

Задолжително

Verified by MonsterInsights