Масовни отпуштања во Мајкрософт – 6.800 без работа
Американскиот технолошки гигант Мајкрософт најави отпуштање на околу 6.800 вработени, односно 3% од својата глобална работна сила, наведувајќи дека станува збор за неопходни организациски промени.
Ова е најголемо намалување на бројот на вработени во компанијата од 2023 година, кога беа отпуштени 10.000 лица. За разлика од јануарските отпуштања во 2025 година, кои беа поврзани со перформансот на вработените, новата рунда не е заснована на учинок.
И покрај најавените отпуштања, акциите на Мајкрософт достигнаа рекордни 449,26 долари, што е највисока вредност во текот на оваа година. Компанијата, како и многу други технолошки гиганти, се прилагодува на брзиот развој на вештачката интелигенција и глобалните економски промени.