Премиерот Мицкоски на Самитот на Европската политичка заедница

Денеска присуствував на Самитот на Европската политичка заедница, заедно со лидерите и претставниците на земјите од Западен Балкан.

Самитот е посветен на унапредување на регионалната соработка, стабилноста и приближувањето кон ЕУ, при што се потенцираше важноста од заедничко дејствување пред предизвиците со кои се соочува нашиот континент.

Во отворената дискусија се разменија ставови за клучни теми за зајакнување на поврзаноста на регионот со остатокот од Европа.

Нашето присуство и учество на овој Самит е потврда за нашата заложба за активно учество во европските процеси и градење стабилно и просперитетно соседство.


1218

Задолжително

Verified by MonsterInsights