Силвана Ангелевска: Со фотоволтаици, секое домаќинство може да заработува од струја

Со новиот закон, Македонија ќе биде стабилна и енергетски независна

Со новиот Закон за енергетика, кој деновиве беше усвоен со европско знаменце, Македонија го отвора патот кон зелена транзиција и вистинска енергетска независност. Клучен момент е што граѓаните кои имаат фотоволтаици на своите домови конечно ќе можат да го продаваат вишокот електрична енергија, потврди пратеничката Силвана Ангелевска.

„Ова е првпат граѓаните да добијат можност не само да трошат туку и да заработуваат од енергија. Донесовме закон што обезбедува безбедност, стабилност и европски стандарди,“ изјави Ангелевска.

Новата регулатива ги опфаќа сите енергенси – електрична енергија, гас, топлина – и овозможува поставување на смарт броила со далечинско отчитување, без трошок за корисниците. Предвидени се и нови проекти: фотоволтаичната „Битола 2“, проширување на ветерниот парк „Богданци“ и изградба на когенеративни постројки на гас.

„Наша цел е јасна – Македонија да стане производител, а не увозник на енергија. Тоа го ветивме во ‘Платформа 1198’, и веќе го реализираме,“ порача Ангелевска.

Законот се оценува како историски чекор во правец на стабилност и одржлив развој, со граѓаните како активни чинители во енергетскиот систем.


1341

Задолжително

Verified by MonsterInsights