Три автомобили изгореа на паркинг во Битола

Три автомобили изгореа ноќеска по полноќ на паркинг на улицата Леринска во Битола. Според полицијата, огнот прво зафатил „Тојота РАВ“ со битолски регистерски таблици, а потоа се проширил на „Пасат“ со тетовски и „Дачија“ со скопски ознаки, сите во сопственост на приватни фирми.

Неофицијално, едното возило го користел бизнисмен и поранешен кандидат за градоначалник. Пожарот, предизвикан од фрлена запаллива течност од непознат сторител, беше локализиран без повредени лица. Полицијата изврши увид и презема мерки за расчистување на случајот.


1232

Задолжително

Verified by MonsterInsights