Ребалансот во подготовка, барањата за капитални инвестиции доставени до институциите

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денес соопшти дека започнале подготовките за ребаланс на Буџетот, и дека вчера се испратени барањата до институциите за доставување информации за капиталните инвестиции.

Одговарајќи на прашања од новинарите, Димитриеска Кочоска нагласи дека проектниот менаџмент во институциите останува непроменет, бидејќи тие се реализатори на капиталните инвестиции.

Според министерката, целата постапка треба да биде завршена и доставена до Собранието до крајот на јуни. “Почнавме со подготовки на ребалансот, побаравме од секоја инстутицја да достави прецизни податоци за капиталните инвестиции – до каде имаат склучено договори, ако немаат кога планираат да ги склучат, во каква фаза им се проектите”.

“Тоа треба да го видиме, тие проекти па потоа ќе одлучиме дали ќе ги скратиме сега па ќе ги ставиме следната година или ќе бидат подготвени за тендерирање”, додаде таа.

Димитриеска Кочоска истакна дека пред извесно време беше усвоена Уредба според која “веќе не може секој да одлучува за инвестиции без да го помине кругот – Министерство за финансии, Влада со исполнети услови за инвестиции”, ова го изјави министерката по средбата со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.

Во однос на проектниот менаџмент, таа уште еднаш повтори дека ресорните институции ги реализираат договорите, а не министерот за финансии. “Многу често се поставува прашањето до министерот за финанси, но тој не е тој што ги реализира договорите, ги реализираат надлежните институции и се зависи од нивниот проектен менаџмент, на кое ниво е”, потенцираше Димитриеска Кочоска.


1127

Задолжително

Verified by MonsterInsights