„Лидл“ во изградба на маркети и логистички центар

Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, денес оствари работна средба со високи претставници на германската компанија „Лидл“, на која се разговараше за тековните инвестиции на оваа реномирана трговска компанија во Македонија.
Разговорите беа насочени кон изградбата на повеќе нови маркети на територијата на државата, како и кон реализацијата на логистичкиот центар во индустриската зона во Куманово, кој ќе служи како главен дистрибутивен хаб за „Лидл“ во Македонија.

Овој стратешки проект претставува значаен чекор за унапредување на трговската инфраструктура, зголемување на ефикасноста на снабдувањето и отворање на нови работни места.

„Со отворањето на маркетите на ‘Лидл’ на македонскиот пазар, граѓаните ќе добијат производи со европски квалитет и пристапни цени. Но, особено важно е што тоа отвора можност македонските производи да се најдат на полиците на ‘Лидл’ не само кај нас, туку и во регионот,“ изјави заменик-министерот Ристески.

Тој додаде дека Министерството за економија продолжува да го поддржува секој инвестициски процес што носи долгорочна вредност, работни места и поддршка за домашните компании.


1395

Задолжително

Verified by MonsterInsights