Нов авто мото испитен центар „Супер Возач“ во Битола започнува со работа на 4 јуни

На 4 јуни (среда) во Битола ќе почне со работа новиот Авто Мото Испитен Центар „Супер Возач“, лоциран во просториите на поранешниот Славјански универзитет. Центарот, со петгодишно овластување од МВР, ќе ги спроведува возачките испити за кандидатите од шест општини: Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.

Во функција ќе бидат шест пријавни пунктови, три автодроми и три теоретски центри, како и околу триесет возила од сите категории. Испитите ќе ги водат лиценцирани испитувачи, претежно сообраќајни инженери со искуство.

Кандидатите ќе можат да се пријават и информираат преку: www.supervozac.mk.


1628

Задолжително

Verified by MonsterInsights