Владата го забрзува инфраструктурниот бран, три автопатски делници во полн ек

Инфраструктурниот бран кој го најави Владата предводена од Христијан Мицкоски полека почнува да се претвора во реалност. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски преку објава на социјалните мрежи информираше дека интензивно се работи на три стратешки автопатски делници кои се дел од поширокиот план за модернизација на патната мрежа во земјата. Се работи за делниците Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани, при што последните две се интегрален дел од новиот автопатски коридор Скопје – Струга – Охрид, кој има цел да ги поврзе Полошко и југозападниот регион со главниот град преку современа патна артерија. На видеото што го објави Николоски може да се видат механизација, теренски активности и работници кои на терен реализираат една од најголемите инфраструктурни офанзиви во поновата историја на земјата.

Според министерот, напорната работа веќе почнува да дава видливи резултати, а клучниот фактор за напредокот е добрата координација помеѓу Владата, Министерството за транспорт, Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и изведувачот – турско-американскиот конзорциум Бехтел и Енка. Со ова се потврдува определбата на новата влада за брза реализација на капитални проекти, кои не само што ќе го подобрат квалитетот на патувањето и ќе го намалат времето за транспорт, туку и ќе ја зголемат безбедноста на сообраќајот и ќе отворат нови економски перспективи за регионите низ кои минуваат овие делници. Заедно со најавените проекти на Коридор 8 и 10-д, изградбата на овие делници е сигнал дека инфраструктурата ќе биде еден од двигателите на економскиот раст и развој во претстојниот период.


1301

Задолжително

Verified by MonsterInsights