ШАМПИОНСКА НОЌ ПРЕД ОФИЦЕРСКИ – ВЕЧЕРВА БИТОЛА ПРОДОЛЖУВА ДА СЛАВИ СО РКЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР!

По емотивниот и масовен пречек на нашите спортски херои од РК Еурофарм
Пелистер, Битола вечерва продолжува да слави со шампионски дух и
нескротлива еуфорија!

На Платото пред Офицерскиот дом, од 19:30 часот, започнува големата
прослава во чест на титулата што го врати ракометниот пехар во наши
раце!

Програмата ќе ја отвори енергичниот настап на музичката група „Brass
Brothers“, а веднаш потоа ќе следува настапот на Димитар Андоновски, кој
ќе ја засили атмосферата со моќна музичка емоција. Целата вечер ќе биде
обоена со навивачки песни, шампионска енергија и зеленo-бела гордост,
достојна за тим што испиша историја!

Ова е вечер кога цела Битола ќе пее, ќе слави и ќе ги прегрне своите
шампиони – РК Еурофарм Пелистер!

Вечерва, сите битолчани, Ве очекуваме пред Офицерски дом, заедно со
ракометарите да го прославиме големиот успех на РК Еурофарм Пелистер.


1146

Задолжително

Verified by MonsterInsights