ТикТокер покажа како да летувате на Бали за невероватни 3 евра по лице

Еден корисник на ТикТок предизвика лавина реакции откако објави видео од својот престој на Бали, каде ноќевање во туристичкиот град Убуд, со појадок и базични услови, го чини само околу 3 евра по лице.

Во краткиот снимок тој прикажува сместување кое вклучува тераса, кревет, приватно купатило, кујна, бесплатна флаширана вода и појадок. Иако едноставно, за цената што ја нуди, сместувањето делува повеќе од прифатливо.

Публиката остана во шок од ниските трошоци, со коментари дека слична понуда на други места би се наплаќала и десеткратно повеќе. Некои изразија скепса околу хигиената и безбедноста на храната и водата, но авторот на видеото уверува дека досега немале здравствени проблеми, со напомена дека внимателно се однесуваат.

Со ова видео уште еднаш се потврдува дека Бали може да биде поволна и достапна дестинација за оние што знаат каде да бараат – без разлика дали станува збор за авантуристи, патници со ограничен буџет или љубопитни дигитални номади.


1154

Задолжително

Verified by MonsterInsights