35 години ВМРО-ДПМНЕ – Идеја што не запира, вредности што носат промени
Во пресрет на значаен јубилеј, политичката партија ВМРО-ДПМНЕ го одбележува 35-годишнината од своето основање со свечен настан што ќе се одржи на 17 јуни 2025 година во античкиот локалитет Хераклеа, во Битола, со почеток во 20:00 часот.
Свеченоста ќе биде обележана со официјално обраќање на претседателот на партијата и актуелен претседател на Владата на Република Македонија, г. Христијан Мицкоски. Настанот има за цел да го потенцира историскиот и идеолошкиот континуитет на партијата, како и нејзината определба за промовирање на демократски вредности, национална одговорност и општествен просперитет.
Со изборот на Хераклеа како локација – место со големо културно-историско значење – партијата испраќа порака за поврзаноста на традицијата со современите политички и општествени процеси, истовремено потврдувајќи ја својата посветеност на националниот идентитет, културата и државотворноста.
Очекувањата се дека свеченоста ќе привлече бројни членови, симпатизери, претставници на институции, дипломатски претставници и јавноста, во знак на заедничко чествување на три и пол децении политичко делување.
ВМРО-ДПМНЕ, како што се истакнува, продолжува со дејствување низ призма на јасна идеолошка визија и вредносен систем кој се стреми кон градење на стабилна, демократска и економски напредна Македонија.
Настанот ќе се одвива под слоганот:
„Идеја што не запира, вредности што носат промени.“
„Од 1990 до денес – 35 години борба, посветеност и љубов кон татковината. ВМРО-ДПМНЕ во Битола отсекогаш било симбол на патриотизам, традиција и народна доверба. Ова не е само роденден, ова е славење на една идеја која живее и ќе живее – идејата за силна, просперитетна и достоинствена Македонија.“