Висока мотивација и решителност во редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Во пресрет на централната прослава по повод 35 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата и актуелен премиер на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, денес го посети Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, каде беше пречекан од локалното раководство на чело со пратеникот и претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ во Битола Пеце Милевски, пратеничките Олга Лозаноска и Силвана Ангеловска, како и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Посетата се одвиваше во мотивирачка и мобилизирачка атмосфера, а Мицкоски оствари средба со членството на партијата, при што беше пренесена силна енергија и заедничка решителност за нова изборна победа.

„Воодушевен сум од енергијата, сплотеноста и подготвеноста на тимот во Битола. Локалното раководство, пратеничките и градоначалникот покажуваат исклучителна координација и посветеност. Битола е на прав пат и целосно подготвена за нови победи,“ истакна Мицкоски.

На средбата со членството се дискутираше за претстојните активности, приоритетите на локално и национално ниво, како и важноста на директниот контакт со граѓаните.

Централната прослава на 35-годишнината на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи токму во Битола, каде се очекува масовна поддршка од членови, симпатизери и граѓани од целата земја. Настанот е најавен како симбол на нова енергија, сплотеност и визија за иднината на Македонија.


1235

Задолжително

Verified by MonsterInsights