ЕСМ: Се справуваме со колапсот што го остави СДСМ во РЕК Битола и Осломеј

АД ЕСМ реагираше на критиките од опозицијата, оценувајќи ги како обид за политичка манипулација и префрлање на вина за состојбата во РЕК Битола и РЕК Осломеј. Од компанијата велат дека сегашното раководство затекнало систем во длабока криза и секојдневно се бори со последиците од, како што наведуваат, „недомаќинско и нестручно управување од времето на СДСМ“.

„Производството се одржува со огромни напори, и покрај расипаната механизација, празните депонии и нефункционалните системи што ги наследивме“, стои во реакцијата.

ЕСМ ги обвинува поранешните управи за:

  • Изостанати ремонти на термокапацитетите
  • Уништување на рудниците преку хаотичен ископ
  • Непланско трошење на хидропотенцијалот
  • Масовно вработување на нестручни партиски кадри
  • Закупи на гасни терминали кои не овозможуваат испорака, но ќе чинат најмалку 50 милиони евра во следните 15 години

Компанијата најавува дека дел од наодите веќе се доставени до институциите и дека одговорност ќе има.

„Процесот на стабилизација е долг и тежок, но сме целосно посветени. Апелираме до СДСМ да престане со дезинформации и злоупотреба на енергетскиот систем за политички поени“, се наведува во реакцијата на ЕСМ.


1193

Задолжително

Verified by MonsterInsights