Пелистер ги започна подготовките за новата сезона

Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола денес официјално ги започна подготовките за новата сезона.

Новиот проект на клубот стартува со целосно обновен борд на директори, на чело со Александар Стефановски, а нов координатор на пионерско-младинската школа е Марјан Секуловски. Од пред десетина дена, шеф на стручниот штаб е Димитар Капинковски, кој попладнево ја изврши првата прозивка на стадионот „Петар Милошевски“.

Од ланскиот тим, на првиот тренинг присуствуваа само фудбалери со активни договори или нови потпишани обврски, меѓу кои Ристевски, Гроздановски, Миленковски, Трајковски, Наумоски и Керим. Најзвучното засилување е повратникот Стефан Спировски.

Клубот го напуштија неколкумина, меѓу кои Дејан Ѓуриќ, Захар Тарасенко, Фернардо Брито Карваљо, Масааки Такахара, Бојан Спиркоски, Виктор Серафимовски, Даниел Карчески и Стефан Костов.

Во првиот тим се приклучени и талентираните младинци: Јован Мрмарчевски, Андреј Мурговски и Ерџан Фејзуловски.

Првата фаза од подготовките ќе се одржи во Битола, по што ќе следат контролни натпревари со Струга Трим Лум, Трајал Крушевац, Егалео и Охрид.

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига започнува на 8, 9 или 10 август.


1148

Задолжително

Verified by MonsterInsights